Целосна контрола врз Вашиот бизнис

Поединечен преглед на сметки по фирма за едноставно следење и управување со деловните финансии.

 

Брз пристап до сите потребни информации

Прегледајте моментална состојба на сите овластени денарски или девизни сметки, или поединечно по фирма проверете ги состојбите на картичките или орочените депозити. Секоја промена во состојбата ја следите веднаш.

 

Брзи и поедноставени плаќања

Можност за најразлични трансфери, плаќања и преноси на средства во денари или во девизи кон други сметки во земјата и во странство, купопродажба на девизи, исплата на плата или готовина од сметка. Во девизните трансакции можете да доставите податоци и документи за распределба на приливите од нерезиденти и да поднесете барање за издавање акредитив.

 

Контрола на сите платежни картички

Администрирање на лимити за секоја картичка и можност за едноставно следење на сметката и на трошењето по корисници преку поединечен преглед за овластена картичка.

 

Останати предности

Надоместоци

Општи услови и барања